МИКРОГРАФИКС ДОО е претпријатие кое се занимава со графички дизајн, дигитална подготовка и печатење.
Основано е во 2004 год. од тим на луѓе со долгогодишно искуство во графичката дејност и има за цел постојано подобрување на квалитетот на своите производи и услуги.
Карактеристики на нашата работа се одговорност, сигурност и брзина на реализација на барањата, а најдобар показател за квалитетот на понудените услуги се задоволните клиенти кои соработуваат со нас.
МИКРОГРАФИКС во своето портфолио вклучува продавница за прием и комуникација со клиенти, каде што може да се видат сите производи кои ги нудиме и погон со современи машини за печатење.